Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Макфакс
/ 07.05.2024 / 15:21

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе продолжи да работи со партнерите за формирање мултиполарен светски поредок, како и дека се можни дискусии за безбедносни прашања со западните земји, но под еднакви услови.

„Заедно со партнерите во евроазиската интеграција, со другите центри за суверен развој, ќе продолжиме да работиме на формирање мултиполарен светски поредок, еднаков и неделив безбедносен систем“, рече Путин на церемонијата за инаугурацијата во палатата во Кремљ.

Тој рече дека Русија била и ќе биде отворена за зајакнување на добрите односи со сите земји што гледаат сигурен и чесен партнер.

Русија не го отфрла дијалогот со западните земји, туку дека изборот е нивен, посочи Путин.

„Дали сè уште планираат обиди да го запрат развојот на Русија, да ја продолжат политиката на агресија, притисокот врз нашата земја, кој не запира со години, или бараат начин за соработка и мир“, рече рускиот лидер на церемонијата за инаугурација.

Според него, разговор меѓу Русија и западните земји за безбедносни прашања е можен само под еднакви услови, а не од позиција на моќ.

„Повторувам, можен е разговор, вклучително и за прашања за безбедност и стратешка стабилност, но не од позиција на сила, туку разговор без никаква ароганција, вообразеност и лична ексклузивност, само под еднакви услови, со почитување на заедничките интереси“, нагласи Путин.

Тој истакна дека народот на Русија е единствен и голем и дека Русите заедно ќе ги надминат пречките, ќе ги реализираат своите планови и ќе победат. Тој додаде дека единствено со народот може да се постигнат вистински големи цели.

„Денес, суштински сме одговорни за нашата илјадагодишна историја, нашите предци што освојувале навидум недостижни височини, бидејќи нивната татковина секогаш била на прво место. Тие знаеле дека можат да постигнат големи цели само заедно со државата и народот. И изградиле свет на моќ – нашата татковина“, рече Путин, пренесува РИА новости.

Претседателот на Русија смета дека е неопходно да се обезбеди сигурен континуитет во развојот на земјата во наредните децении, да се подигнат и образоваат помладите генерации, кои ќе ја зајакнат моќта на Русија, ќе ја развиваат нејзината државност, заснована на меѓуетничка хармонија, зачувување на традициите на сите народи што живеат во Русија.

Рече и дека интересите и безбедноста на рускиот народ ќе бидат пред сѐ и изрази надеж дека Русите достоинствено ќе го поминат „овој тежок критичен период и ќе станат уште посилни“.

Вети дека ќе стори сѐ и ќе ги искористи сите законски и уставни овластувања за да ја оправда довербата на Русите, истакнувајќи дека руските граѓани ја потврдиле исправноста на курсот на земјата, што, како што рече, е важно во контекст на сериозни судења.

„Вие, граѓаните на Русија, ја потврдивте исправноста на курсот на земјата, сега кога сме соочени со сериозни искушенија, во ова гледам длабоко разбирање на нашите заеднички историски цели. Консолидираната волја на милиони луѓе е огромна сила, доказ за нашата заедничка цврста верба дека ние ќе ја одредиме судбината на Русија и заради сегашните и идните генерации. Служењето на Русија е голема чест, одговорност и света должност на шефот на државата“, заклучи Путин во својот говор.

На претседателските избори во Русија, одржани од 15 до 17 март, Путин освои 87,28% од гласовите. Путин ќе ја извршува највисоката избрана функција во следните 6 години, до 2030 година.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе