Неколку стотици припадници на француските сили се обидуваат да ја вратат контролата врз делови од Нова Каледонија по шестата ноќ на насилни немири на овој архипелаг во Пацификот.
Групи тешко вооружени француски маринци и полиција патролираат во главниот град Нумеа на најголемиот остров Гран Тер, каде што улиците се преполни со урнатини и пожари по уште една ноќ на насилство. Засега официјално е потврдена смртта на пет лица, додека стотици други се повредени.
Француските власти очекуваат дека со доаѓањето на специјалните сили од Франција ситуацијата ќе биде ставена под контрола.
„Засилувањата ќе ги контролираат областите кои ни се лизнаа од раце во последните денови“, изјави највисокиот француски функционер на Нова Каледонија, Луи Ле Фран.
Повеќе од 1.000 припадници на специјалните сили се испратени на островот и може да се видат како се движат низ Нумеа во црвени беретки со гас-маски и штитови за немири.
New Caledonia is more independent than Azerbaijan. Azerbaijan has been enslaved by the Aliyevs for more than 30 years. https://t.co/PIRQpDvRIl
— Emin Bred (@emin_bred) May 18, 2024
Новинарите на AFP во градската населба Магента пронајдоа изгорени возила и згради додека полициските сили се обидуваат да ја вратат контролата врз многу делови од главниот град. Жителите јавуваат дека во текот на ноќта слушнале звук од ротори на хеликоптер, односно истрели и големи експлозии.
Двајца жандарми се убиени, едниот е застрелан во главата, а другиот е убиен од пријателски оган, соопштија официјални лица. Меѓу жртвите имало и тројца староседелци од заедницата Канак.
Париз ја обвини сепаратистичката група позната како CCAT дека стои зад немирите. Десет активисти за независност се ставени во домашен притвор и властите ги обвинуваат за организирање насилство.
Нова Каледонија е француска колонија од XVIII век и населението е поделено околу тоа дали архипелагот треба да остане под контрола на Париз или да стане независна земја.
New Caledonia riots: Tear gas, stun grenades used as protesters swarm airport runway https://t.co/Afb3TIHRWs #Kanak pic.twitter.com/AyGanrGqbH
— Raet Lomi (@raetlomi) May 18, 2024
Последниот циклус на насилство беше поттикнат од плановите во Париз да се воведат нови правила во Нова Каледонија кои би можеле да им дадат право на глас на десетици илјади жители што не се домородни, кои живеат на островот повеќе од 10 години. Групите за независност велат дека тоа ќе го намали гласот на домородните Канаци, кои сочинуваат околу 40% од населението кое брои 300.000. BBC наведува дека во последните 25 години околу 40.000 француски граѓани се преселиле во Нова Каледонија откако француските власти го стимулираа доселувањето за да можат да ги надгласуваат домородните народи. На тој начин и успеаја да ги поткопаат референдумите за независност на Нова Каледонија во 2018 и 2021 година кога 57% и 53% гласаа против. Домородното население гласаше за отцепување.
— Pluton (@Pluton45873221) May 18, 2024
Француската влада укажа на вмешаноста на „азербејџански актери“ во насилните протести и го продлабочи дипломатскиот спор меѓу двете земји. Баку ги негираше тврдењата.