Американското оружје подложно на сајбер напади

Вашингтон, 10 октомври 2018 (МИА) - Американското оружје е подложно на сајбер напади поради заостанувањето на Пентагон во сајбер безбедноста и проблемот да се најде соодветен експертски персонал, се наведува во извештај на американските власти.

Бирото за буџет, кое ја има улогата на американски ревизорски суд, ја истакнува зголемената дигитализација на американската воена опрема како поголем ризик од сајбер напади.

Компјутерските програми и сензори ја зголемуваат ефективноста на Вооружените сили, но во исто време ги прават поподложни на сајбер напади, се оценува во извештајот.

Во него се посочува дека експерти на Пентагон, додека тестирале нова опрема испорачана на Армијата помеѓу 2012 и 2017 година, покажаа колку е лесно хакерите да ги пробијат овие програми.

Во еден случај, тим од два члена, за само еден час успел да влезе во информативниот систем на тестираното оружје и за само 24 часа да преземе целосна контрола врз неговата работа, истакнуваат авторите на извештајот.

Покрај тоа, Министерството за одбрана „не знае каде се наоѓаат слабостите, бидејќи поради голем број причини, обемот и сложеноста на тестовите беа ограничени“. Пентагон почнува да ја сфаќа тежината на ризиците и потребата подобро да ги заштити своите информативни системи, но тешко може да најде експерти, бидејќи тие се подобро платени во приватниот сектор отколку во армијата, се наведува во извештајот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе