Ангел Димитров: Нема договор за Гоце Делчев

Софија, 29 ноември 2019 (МИА) – Тензиите кои постојат во нашата работа изминативе месеци не стивнуваат, вели Ангел Димитров, копретседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања формирана согласно Договорот за добрососедство меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Како што јави БНГНЕС, на средба со новинарите по состанок на Комисијата во Софија, истакна дека постигнатите договори до моментов се незначителни и додаде дека се уште нема договор во однос на средновековниот период и за Гоце Делчев.

-Добиваме сигнали дека имаме различни претстави со нашите колеги не само за смислата на нашата работа, туку и за разбирањето на Договорот за пријателство и добрососедство. Тоа е доволно убедлив показател дека не сме во состојба да зборуваме за постигнати сериозни резултати. Загрижен сум не само затоа што секој чекор напред е нешто добро, не толку за самиот Договор, колку за односите меѓу луѓето од двете држави. Загрижен сум и затоа што едно од решенијата на Комисијата беше очекувањето за поинтензивна работа со цел да постигнеме определени резултати до крајот на годината околу разговорите за Гоце Делчев и за Илинденското-Преображенско востание, вели Димитров.

Според него, работата по ниту едно од тие прашања не е завршена.

-Тоа е вон нашите можности, се обидовме да направиме што можеме, сега работите се пренесуваат на политичко ниво, прецизира Димитров.

Воедно, додава дека нивниот предлог да се одржи во декември уште една средба македонскиот тим го одбил, од како што вели, нивни причини, и предложил да се направи голема пауза во контактите некаде до мај. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе