Ангелов: Насилниците да влетаа во контрола на летање на аеродром во Њујорк, Париз или Атина ќе беа решени при обидот за влетување

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и претседател на политичката партија Достоинство се огласи на Facebook по однос на случувањата во македонската навигација каде и тој две години работел како помошник за безбедност на системи и уреди во Секторот за воздухопловна техника на М-НАВ.

„Пред да бидам именуван за директор на ЦУК, две години работев како помошник за безбедност на системи и уреди во Секторот за воздухопловна техника на М-НАВ во објектот на скопскиот аеродром. Во тој период лично запознав дел од вработените и слободно можам да кажам дека најголемиот дел од нив се извонредни луѓе, посветени професионалци кои се грижат за безбедноста на воздухопловите на нашето небо и аеродроми. Како човек кој имал можност непосредно да се запознае со системот за управување и контрола на воздушниот сообраќај во Македонија, давам целосна подршка на Синдикатот на контрола на летање, но и честитки за нивната борбеност и истрајност“, пишува Ангелов.

Како што вели, во ваква чувствителна институција од која зависи безбедноста на патничките авиони и на сите останати воздухоплови кои го надлетуваат нашето небо, слетуваат, полетуваат или оперираат на територијата на Македонија, мора да постои строга селекција при вработување преку која ќе се изберат најдобрите кандидати, во согласност со европските регулативи.

„Лица кои ги немаат потребните квалификации не смеат да се приближат до овие работни места, а не да работат на нив. Особено ако нивната најсилна, а можеби и единствена квалификација е одредена етничка припадност. Воедно, обезбедувањето на објектот на М-НАВ во кој се сместени секторите за воздухопловна техника и контрола на летање, треба да се уреди на сосем поинаков начин, со сосем поинакви сили. Страшно е тоа што насилниците кои неовластено влегоа во кругот на М-НАВ, вклучително и во просториите на контролата на летање, нападнаа дежурен контролор на летање, ги вознемирија и ја загрозија безбедноста и на останатите дежурни контролори ја загрозија и безбедноста на воздушниот сообраќај на македонското небо и аеродроми“, се вели меѓудругото во статусот на Ангелов.

Според него добро е тоа што МВР ги приведе, а Јавното обвинителство поднесе соодветни пријави против осомничените насилници.

„Неразбирлива е одлуката на Судот кој иако бил должен, не им одредил притвор на осомничените насилници. Но, кога ќе се земе во предвид дека некои од нив се дел од највисокото раководство на ДУИ тогаш ваквата постапка станува разбирлива. Останува отворено прашањето, до кога вака? До кога одредена етничка и партиска припадност ќе овозможува неказнивост дури и при сомнение за извршени тешки кривични дела?

Добро е и тоа што премиерот Ковачевски и министерката за одбрана Петровска најавија дека на следната владина седница ќе се расправа за разрешување на директорите и на Управниот одбор на М-НАВ. Сосем за крај, прашувам, што ќе се случеше со насилниците доколку влетаа во контролата на летање на аеродромот во Њујорк? Или во Париз, Истанбул, Атина па дури и во Белград? Јас мислам дека таму немаше да влетаат. Ќе беа 'решени' при обидот за влетување“, завршува Ангелов.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе