„Уште со првите знаци на утрото заминав на Шапка. Го немаше албанското знаме, веројатно полицијата во текот на ноќта го симнала. Да беше уште таму јас сам ќе го симнев“, рече Стојанче Ангелов во денешното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Ангелов не сакаше да одговори на прашањето на водителката зошто било симнато само црковното знаме, но не и државното. Рече дека тоа го знаат само лицата што го сториле тоа.
Тој утринава постираше селфи на Facebook од манастирскиот комплекс на Попова Шапка и напиша:
„Црковното знаме ќе биде вратено во секој миг. Лицето кое го симна знамето на МПЦ е приведено. Брзата реакција на институциите, но и јавниот притисок можат да ги намалат провокациите кои ја потпалуваат меѓуетничката нетрпеливост. Провокациите никако не треба да се премолчуваат туку на нив треба жестоко да се реагира. Само така ќе се обесхрабрат идните потенцијални провокатори. Реакцијата на општеството на вакви провокации треба да биде обединета и единствена без разлика на етничка, верска, политичка или било каква друга припадност. Верувам дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме. Единствено не видов претставник на албанските политички фактори во Македонија да излезе со јавна осуда на овој чин. А треба. Затоа го повикувам лидерот на ДУИ, Али Ахмети, јавно да го осуди овој провокативен вандалски чин“.