Ангелов за можноста од пожари: Сите три авиони ќе бидат функционални ова лето

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, истакна дека надлежните институции се подготвени и искоординирани за можноста од пожари по високите температури.

На прашањето каква е состојбата на авионите кои би требало да учествуваат во гаснење на пожарите особено, ако се земе во предвид дека во државата пред две години во врска со овој проблем интервенираа екипи од соседството, Ангелов со одговор:

„Вчера одржавме координација на која учествуваа сите институции кои имаат надлежност во гасење на шумски пожари, се искоординиравме, донесовме неколку заклучоци и имаме намера во понеделник или вторник да ја информираме јавноста за бројот на државните ресурси, но авионите ќе бидат функционални ова лето“, потенцира тој.

Викендов, како што рече, надлежните институции имаат на располагање четири хелихоптери и еден авион.

„За овој викенд имаме на располагање четири хелихоптери и еден авион. Другите два мислам дека се вратени, мислам дека се работеше за формален редовен сервис. Така што на авионите можеме да сметаме ова лето“, појасни Ангелов.

Поради високите температури упати апел граѓаните да бидат исклучително внимателни при движење во природа.

„Бидејќи најнепопуларната мерка е забрана за движење во природа, таа мерка ќе се обидеме да ја избегнеме. Но, граѓаните треба да бидат совесни и внимателни при фрлање на отпушоци, при работа со алат кој што искри и да не се палат огнови, премногу е топло, тревата за неколку дена ќе биде барут сува и лесно запалива“, рече првиот човек на ЦУК.

На прес-конференцијата информираше и за состојбата на мостовите во државата.

„Од страна на ЈП 'Државни патишта' се врши скрининг на сите мостови на територијата на државата, на автопатиштата, магистралните и регионалните патишта со околу 1.320 мостови. Според официјалната информација, поголемиот дел од мостовите се веќе проверени и се во одлична состојба со тоа што очекуваат до Нова година целосно да го завршат нивниот скрининг“, дополни тој.

Во врска со опожарениот мост „Беласица“, Ангелов рече дека сите прашања треба да се упатуваат до Град Скопје.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе