КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Англиските навивачи ќе играат и фудбал во Скопје

Филип Здравески
/ 18.11.2023 / 16:40

Навивачите на Англија доаѓаат во Скопје за натпреварот во понеделник, но во недела ќе играат и фудбал и тоа против локален скопски клуб.

Ингланд Фанс ФЦ, клубот на навивачите на англиската фудбалска репрезентација, ќе игра фудбал и во Скопје, поточно на стадинот во Петровец и тоа под рефлектори.

Противник на Англичаните ќе им биде клубот од скопски Аеродром, ФК Слободен, кој се натпреварува во општинската лига на Кисела Вода.

@fksloboden Macedonia 🇲🇰 vs. England 🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿 Euro 2024 qualifier match Monday 20:45, National Arena Skopje 📆International banger 1 day before: FK Sloboden🇲🇰 vs. England Fans FC 🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿 Sunday 20h, Petrovec Stadium See you there! #football #macedonia #england #euro2024 ♬ A Little Less Conversation (JXL Radio Edit Remix) - Elvis Presley & JXL

Ингланд Фанс играат натпревари секогаш кога игра и нивната репрезентација, која со срце ја поддржуваат на секое гостување.

URL

А, пак, Слободен истиот ден, но утрото во 9 часот игра лигашки натпревар против Текстилец на стадионот „Славија“ во Пржино.

Натпреварот Слободен - Ингланд Фанс почнува во 20:00 часот, влезот на трибината во Петровец е слободен, а натпреварот ќе биде и од хуманитарен карактер. Имено, кутија за донирање парични средства ќе биде поставена на трибината, а целта е собрање помош за 19-годишниот фудбалер на Њу Старс, Виктор Боневски, кој треба да замине на лекување во Турција откако му беше дијагностициран рак. Третманот чини над 60 илјади евра.

URL

Инаку, Македонија ќе ја пречека Англија в понеделник од 20:45 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамките на последното коло од квалификациите за пласман на ЕУРО 2024. Англија веќе има обезбеден пласман.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе