Анкета: Распадот на СФРЈ донесе поголема штета отколку корист

Распадот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) им донесе на земјите наследнички повеќе штета отколку корист, покажува најновата анкета на агенцијата „Галуп“, во кое учествувале повеќе од 1.000 испитаници од целиот регион. Најголема југоносталгија е забележана во Србија и во БиХ.

На прашањето дали распадот на СФРЈ бил од корист или штета за нивната земја, 81 отсто од Србите одговориле дека бил штетен, само четири проценти веруваат дека бил корисен, а осум отсто одговориле дека не знаат.

Кога станува збор за Македонија, истражувањето покажува дека 12 отсто од испитаниците сметаат дека распадот на СФРЈ бил корисен за нив, додека 61 процент дека не бил.

Во Босна и Херцеговина само 6 отсто сметаат дека крајот на поранешна Југославија бил од корист за земјата, додека 77 проценти сметаат дека бил штетен.

Црна Гора е помалку југоносталгична, каде 15 отсто од анкетираните одговориле дека распадот на СФРЈ бил добар, а 65 проценти веруваат во неговите штетни последици.

Од друга страна, во Косово речиси три четвртини од испитаниците (75 отсто) сметаат дека распадот била добра работа, а само 10 проценти оцениле дека е лоша.

Слично расположение има и во Хрватска, каде 55 проценти од граѓаните велат дека распадот бил корисен, а 23 отсто дека е штетен. Во Словенија тој однос е 41, наспроти 45 отсто.

Истражувањето покажало и дека граѓаните имаат различно мислење зависно од возраста. Постарите од 55 години повеќе одговараат негативно за распадот на СФРЈ, од оние кои имаат меѓу 15 и 35 години.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе