Апасиев: Газа не е гробница само на илјадници дечиња, Газа е гробница и на човечноста

Претседателот на Левица, професорот Димитар Апасиев, по однос на Предлог-декларацијата за солидарност со палестинскиот народ и осуда на израелската окупација што ја поднесе неговата партија.

„Сметаме дека ние не треба да бидеме ноеви, да си ја пикаме главата во песок и да не проговориме во ова Собрание за најжешката точка на планетата во овој момент, која што има потенцијал да разгори и Трета светска војна и каде што, пред наши очи, ни се случува геноцид на Палестинците во Газа! Како што кажува портпаролот на УНИЦЕФ: 'Газа изминативе денови стана гробница на илјадници дечиња и таа е жив пекол на земјата!!!' Потенцијалот, односно бомбите кои се фрлени во Газа за само две недели, за еден и пол пат ја надмина ударната моќ на нуклеарната бомба фрлена врз Хирошима“, рече Апасиев.

„Во овој парламент леевме крокодилски солзи за Украина. Чисто за споредба, во Украина загинаа не повеќе од 200 деца за две години, во Газа загинаа 5.000 дечиња за две недели! Оттука, да го дополнам портпаролот на УНИЦЕФ: Газа не е гробница само на илјадници дечиња, Газа е гробница и на човечноста! Го гледаме европското и американско лицемерие, кога едните животи се повредни од другите“.

Претходно со Декларација Левица предвидува и обврска за Владата да започне процес на меѓународно признавање и воспоставување на дипломатски односи на ниво на амбасади со независната држава Палестина, „во духот на југословенската традиција која што ја имаме“.

Побараа и од претседателот Пендаровски итно да го отповика амбасадорот на Македонија во Обединети нации, затоа што гласаше воздржано за јорданската Резолуција за заштита на цивилите и почитување на правните и хуманитарните обврски.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе