Апасиев: Според Уставот, сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија

Собранието денeска во рамки на продолжението на 29. седница со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Северна Македонија во 2021. За пописот гласаа и 29 пратеници припадници на етничките заедници.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој стана пратеник во Собранието со последните избори, излезе со реакција на социјалните мрежи во врска со неговото уставно право да не ги прими попишувачите во неговиот дом во време на епидемија.

„Законот за ПОПИС во сред пандемија и прогласена кризна состојба е спротивен на чл. 39, ст. 2 од Уставот на РМ: ‘Граѓанинот има право и ДОЛЖНОСТ да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите’!

Значи, јас - по сила на устав - сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија, оти може да ме заразат со коронавирус“, напиша Апасиев на Facebook и на Twitter, и додаде „да немавме Кацарска-судство, ќе ви паднеше како круша на Уставен суд. Ај, ако иам време деновиве, може и ќе ви го оспорам - чисто да ги тестираме ставовите на нашите ‘угледни правници’ и да се смееме со студентите на вежби за вашите експертутски правни мислења“.

URL

Во декември минатата година, Апасиев преку социјалните мрежи реагираше и дека се злоупотребува европското знаменце за предлог-законот за попис, за да се донесе без дебата од опозицијата.

„Шверцератот во Собрание продолжува… Еден од најважните закони на деценијата, Законот за ПОПИС, кој денес помина на дневен ред по скратена постапка и со злоупотреба на европското знаменце – веќе утре е на комисиска расправа!? Тоа значи дека опозицијата нема ниту цели 24 часа за поднесување амандмани!

p.s. Ни спремаат тежок фалсификат на столетието, преку Скајп попишување од Швицарска“, напиша тогаш Апасиев.

Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година, според состојбата на 31 март 2021 година, во 24:00 часот, што ќе се смета за критичен момент на пописот.

Со пописот ќе се приберат податоци за населението, домаќинствата и становите на територијата на Република Северна Македонија. При спроведувањето на Пописот ќе се врши попишување на терен и ќе се користат истовремено податоци од збирките на податоци на МВР од базата на државјани на Република Северна Македонија, од МИОА податоци вклучени во регистарот на населението на Република Северна Македонија, од МОН од податоците за запишаните ученици во основни и средни училишта во тековната учебна година, од МТСП од податоците за лицата корисници на права на социјални примања по сите категории, од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија од податоците за економската активност на лицата, од УЈП од податоци за лицата кои имаат примања и за кои се исплаќа персонален данок на доход, од ПИОМ-Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија од податоци за примателите на пензија по сите основи, од Управата за водење на матични книги, податоци од матичните книги за родените, умрените и венчаните лица, од Агенцијата за катастар на недвижности од податоци за недвижностите и нивните движења, како и од Државниот завод за статистика од податоци од статистичките истражувања за запишани студенти на додипломски студии (прв циклус) на факултетите и високите стручни школи во академската година, како и податоците од статистичките истражувања за виталните настани и од Статистичкиот деловен регистар.

Пописот ќе се спроведе со употреба на пренослив компјутер, на посебна апликација, при што задолжително се применуваат технички и организациски мерки согласно прописите од областа на заштита на личните податоци.

Расправата за Предлог законот во Собранието, со којшто ќе се овозможи во државава да се спроведе попис по 19 години, заврши на 15 јануари.

Во земјава првиот попис е одржан во 1948 година. Спроведени се осум пописи, а последниот во 2002 година. Во 2011 година почна да се реализира ваква статистичка операција, но, таа беше прекината.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе