Апасиев: Тројца од судиите што ја преполовија казната на убиецот од Велес се рамковни

Професорот по римско право и пратеник во македонското Собрание, Димитар Апасиев, објави дека тројца од судиите на Апелација што одлучија за 10 години да ја намалат казната на пијаниот возач што усмрти 11-годишно девојче во Велес, се избрани според Рамковниот договор.

„Тројца од судиите на Апелација кои ја донеле пресудата за преполовување на казната на убиецот на девојчето од Велес - се избрани по РАМКОВЕН.
Значи, корумпираните и правно неписмени кадри на ДУИ ни одлучуваат кој ќе иде у затвор, а кој ќе биде слободен! А Таче вика: 'Уште Бугарите у Устав и влагаме'.
p.s. Ако е и за Северџанистан - ДОСТА Е!“, објави лидерот на Левица на својот Facebook профил.

Синоќа голем шок и неверување во јавноста предизвика веста за намалувањето на казната на велешанецот Ангелчо Николов, кој возејќи пијан на пешачки премин пред Нова година ја прегази 11-годишната Магдалена Иванова и ја усмрти, по што избега од местото на несреќата без да ѝ укажи помош. Со повреди се имаше здобиено и нејзината мајка. Освен под дејство на алкохол, Николов возел и со прекумерна брзина.

Пресудата на Апелација е донесена по пет месеци од изрекувањето на првостепената бидејќи Николов издржуваше притвор поради опасност од бегство, кој му беше изречен сѐ до правосилност. Пресудата е правосилна, а ценети се сите олеснителни и отежителни околности. Казната е преиначена со образложение дека велешкиот суд не ги проценил доволно сите олеснителни околности за обвинетиот возач.

„Пресудата е шок за семејството и сол на рана. Образложението е релативно оскудно, Апелација се држи на тоа дека е неосудуван, признал вина и ја забрзал постапката, изразил каење и ветил дека нема да се повтори. Судот е должен да цени признание на вина но каење е предмет на проценка. На очиглед на сите иако вербално искажано, кај обвинетиот немаше никакво каење, никаква емоција. Неговото ветување дека нема да го повтори делото пак малку што му значи на семејството. Лесна и земја на Магдалена“, изјави адвокатот на семејството на прегазената 11-годишна Магдалена.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе