„Пресудата е шок за семејството и сол на рана“, вели адвокатот на семејството на прегазената Магдалена

„Пресудата е шок за семејството и сол на рана“, вели Јанаки Митроввски, адвокатот на семејството на прегазената 11 годишна Магдалена од велешанецот Ангелчо Николов. Возачот ќе треба да издржи осум години затвор како што одлучи скопска Апелација. Второстепените судии му ја намалија казната за десет години.

„Не знам како да реагирам на намалената казна за Ангел Николов од 18 на 8 години. И двете казни се во рамки на предвидената казна (е ај да не бидат) но пресудата е шок за семејството и сол на рана. Образложението е релативно оскудно, Апелација се држи на тоа дека е неосудуван, признал вина и ја забрзал постапката, изразил каење и ветил дека нема да се повтори. Судот е должен да цени признание на вина но каење е предмет на проценка. На очиглед на сите иако вербално искажано, кај обвинетиот немаше никакво каење, никаква емоција. Неговото ветување дека нема да го повтори делото пак малку што му значи на семејството. Лесна и земја на Магдалена. Пред некој ден загина млад човек чекајќи на пешачки и остави бебе сирак зад него. Сообраќајната култура во Македонија е на нула, возачки се земаат на жими мајка а државата игра улога исклучиво на пенализатор никако на едукатор и затоа сме каде сме. Господ нека ни е на помош!“, се огласи адвокатот Митровски на социјалните мрежи.

Пресудата на Апелација за велешанецот Николов е донесена по пет месеци од изрекувањето на првостепената бидејќи тој издржува притвор поради опасност од бегство, кој му беше изречен сѐ до правосилност.

Возачот Николов беше во бегство, а по два дена, полицијата го уапси. Тој го управуваше возилото „мерцедес“ со прекумерна брзина, како што и призна. Освен жртвата, 11-годишното девојче, повреди имаше и мајката.

Мајката на прегазената Магдалена вели дека пресудата е неправедна и дека е разочарана сум од судството.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе