Американската компанија Apple на почетокот на следниот месец е во план да промовира „три нови модели на лаптопи“соопштија вчера од компанијата. Претставувањето на новите модели ќе се случи на годишнината Меѓународна конференција за технологија во Сан Хозе, Калифорнија меѓу 5. и 9. јуни.
Според проценките на Bloomberg, преносните компјутери претставуваат приближно 11% од продажбата на Apple, а реализацијата на смартфоните iPhone речиси две третини.
Apple се надеваат дека новите производи ќе бидат во можност да се натпреваруваат со новиот Surface лаптоп, создаден од Microsoft, со оперативен систем Windows 10 S кој беше претставен на почетокот од овој месец.