Арсовска лута на Мицкоски за Комунална хигиена: Таквите политичари се најголемото ѓубре

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, порача дека претпријатието „Комунална хигиена“ се враќа во нормала. На лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, му посочи дека за политички поени прво креира проблеми, а потоа се преправа дека ги решава. Арсовска за Мицкоски рече дека е најголемо ѓубре, а сега ќе почне и со негово чистење.

„Мафијашки структури ја блокираат работата на Комунална хигиена поради лични интереси. Станува збор за лица кои повеќе од 15 години работеле само една смена – трета смена, спротивно на закон и Колективен договор. Повеќемина од нив не доаѓале на работа, сега дел од нив ја блокираа работата и не дозволуваат останатите 1.300 да ја работат работата. Иако нема најавено штрајк, тие извршија мафијашка блокада“, рече Арсовска.

Во врска со снимката на Косана Мазнева, директорката на „Комунална хигиена“, рече дека била во право кога кажала дека ќе се појават стаорци поради нечистење на отпадот.

„Вчера ниту институциите не ја спречија незаконската блокада. Ова е знак дека ниту правдата не функционира“, додаде Арсовска.

Комунална хигиена е веќе во нормала, функционира смената, се надеваме од утре ќе работи во целосен капацитет, додаде градоначалничката.

„Нема да дозволиме интересите на мафијашите да бидат пред интересите на граѓаните. Сакам да му порачам на Мицкоски дека е разобличен вечерва, бидејќи сака да креира проблеми на грбот на граѓаните, за политички поени. Таквите политичари се најголемото ѓубре. Од вечерва со чистењето на ѓубрето, ќе ги чистиме и нив“, посочи Арсовска.

реклама

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе