Арсовска: Во Скопје има детални урбанистички планови кои сакаат шверцерски да ги протнат

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, побара хумано градење во градот, но и следење на стандардите за градење, за да не се повтори тоа што се случи пред 60 години со катастрофалниот земјотрес.

Им се заблагодари на вработените во ИЗИС и ги повика сите присутни да се спротивстават на урбаната мафија. Потенцира дека во моментот се работи на Генералниот урбанистички план, кој треба да биде водила за тоа како градот ќе се развива идните 10 години.

„Треба да превенираме да не се случи она што се случи. Да се биде на браникот на тоа да не се овозможи сеизмички несоодветни објекти да се градат – е многу важно. Но, важно е да се земат предвид и другите фактори што треба да ги имаме за развојот на нашиот град. А тоа е хуманото градење, град Скопје да се гради хумано“, рече Арсовска.

Ги повика присутните и вработените во ИЗИС да направат сè што сметаат и што можат за во град Скопје да не се развива урбаната мафија.

„Со тимот во Град Скопје имавме состанок и анализиравме и дојдовме до тоа дека има детални урбанистички планови кои сакаат шверцерски да се протнат низ институциите. Затоа повикувам да зборувате гласно, да ја дадете својата експертиза секаде каде што е неопходно“, додаде таа.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе