Компанијата Aston Martin работи на реализација на планот кој подразбира големи промени во целокупниот бизнис. Овој произведувач на автомобили сака да го зголеми профитот, да се подготви за електрификација на моделите итн.
Првиот голем чекор во планот на Aston Martin e да претстави десет освежени модели, а тоа го потврди директорот на компанијата Тобијас Моерс. На листата на приоритети е DBX, првиот SUV, а тоа значи дека во блиска иднина ќе видиме барем една нова верзија.
Aston Martin и понатаму ќе зависи од компанијата Mercedes-Benz која поседува петтина од брендот, а соработката ќе продолжи бидејќи Mercedes AMG произведува посебни мотори за Aston Martin.
Моерс рече дека не може да гарантира дека новите модели ќе ги движи V12 мотор поради нормите за намалување на емисијата на гасови.