Атлетико во Леверкузен, Сити го чека Монако

Манчестер Сити и Монако, односно Баер Леверкузен и Атлтико Мадрид вечерва ќе ги одиграат првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите.

Манчестер Сити осминафинале избори како второпласирана екипа во групата во која прва беше Барселона, додека Монако заврши пред Баер и Тотенхем. Во двомечот Сити е фаворит, иако традицијата вели дека Монако никогаш во двомеч не испднал од англиски тим.

„Во оваа фаза во Лигата на шампионите целите се високи и поради тоа во текот на сите 180 минути мораме да ихграме на високо ниво. Само доколку играме така можеме да се надеваме на победа против Монако“, рекол Пеп Гвардиола.

Шпанецот има проблеми со составот подолго време поради повреди ги нема Гундоган и Компани, Гебриел Жесус се повреди минатата недела, а незивесен е настапот на Клиши и Коларов.

Монако е лидер во францускиот шампионат, надмоќно ја освои групата во која беа Баер, Тотенхем и ЦСКА, а она од што стравува Гвардиола е ефикасноста која ја има тимот на Леонардо Жардим. Монако како лидер во Франција има постигнато 76 голови на 26 натпревари, односно 20 повеќе од првиот конкурент ПСЖ.

Баер во Леверкузен ќе го пречека актуелниот европски вицепрвак Атлетико Мадрид. Ова ќе биде реприза од нивниот двомеч, што во истата фаза се одигра пред две години. Тогаш во двата натпревари тимовите постигнаа по еден гол, а Атлетико мина во четвртфиналето по подоброто изведување на пенали.

Двата тима не блескаат во домашните шампионати, иако Атлетико стои многу подобро од противникот. Баер е на осмата позиција во Бундеслигата, а Атлетико е на четвртото место во Шпанија и е во серија од три победи во првенството.

Атлетико на овој меч ќе игра без дефанзивците Годин, Хименез и Хуанфран, додека Аугусто Фернандез е повреден подолго време. Настапот на Нико Гаитан е неизвесен, додека првиот голман Јан Облак се рехабилитираше од повредата, а во клубот пред натпреварот ќе решат дали тој ќе брани на овој меч.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе