Авдиивка пред пад; Украина: Нема да ги браниме урнатините, поважни се животите на војниците

Макфакс
/ 14.02.2024 / 17:06

Во Авдиивка никој нема да ги брани купиштата урнатини и изгореното железо, изјави Дмитро Лиховиј, портпарол на украинските вооружени сили во регионот Таури. Според него, приоритет на воената команда е да ги зачува животите на бранителите на тој уништен град на истокот на Украина.

Руските сили со месеци се обидуваат да го освојат Авдиивка, стратешки важен град на истокот на Украина. Во последно време Русите постигнаа голем напредок и прекинаа неколку важни патишта за снабдување. Падот на Авдиивка се очекува да биде прашање на денови, а доколку се случи, тоа ќе биде првиот украински град заземен од Русите во последните осум месеци.

„Во моментите кога ситуацијата на фронтот станува исклучително тешка, најважно е да се спасат животите на војниците и да се однесат на друга линија на фронтот. Мораме да бидеме флексибилни и да маневрираме за да ги спасиме војниците за понатамошни борбени операции, за ослободување на украинска територија“, изјави денеска Лиховиј, а пренесуваат украинските медиуми. Неговите зборови на проукраинските канали на Telegram се толкуваат како најава за повлекување на украинските сили од Авдиивка.

Портпаролот рече дека уништувањето на Авдиивка и околните населби покажува во што може да се претворат другите украински села и градови доколку фронтовите се движат на запад.

Портпаролот тврди дека командата на армијата подготвила резервни рути за снабдување во случај руските сили да ја пресечат главната логистичка рута во градот. Но, тој истакна дека од безбедносни причини вооружените сили не ја коментираат ситуацијата во Авдиивка во реално време, што значи дека оваа насока можеби е веќе пресечена за што веќе се шират неофицијални информации на проукраинските канали на Telegram.

Претходно, портпаролот на 110. посебна механизирана бригада, Иван Секач, изјави дека некои единици од таа бригада првпат по две години биле изнесени од градот на одмор и ротација додавајќи дека во градот пристигнало засилување.

Армијата одби да каже какво е засилувањето истакнувајќи дека бранителите добиле силна поддршка. The Forbes претходно пишуваше дека во градот пристигнала една од најдобрите бригади во Украина. Сепак, оваа информација сè уште не е потврдена.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе