Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Макфакс
/ 17.04.2024 / 18:12

Сѐ изгледа како сцена од некој апокалиптичен филм, сѐ е во застој. Никој не очекуваше ваква ситуација. Мештаните ми велат дека вакви поплави немало во последните 75 години, вели белграѓанка за српски Блиц, опишувајќи ги драматичните сцени од поплавениот Дубаи.

Како што сведочи, целиот град е потопен, па туристите не излегуваат надвор бидејќи мештаните ги известиле за забраната за движење.

„Авионите не можат да полетуваат поради поплавената писта, градот стана една голема река и нема каде да одиме. Метрото е целосно под вода“, сведочи таа.

URL

Посочува и дека состојбата е катастрофална, а луѓето се заробени во своите домови.

URL

„Тука е целосен хаос, градот е под вода. Луѓето се во паника, ова навистина е надвор од контрола“, додава.

URL

Очајните туристи се обидоа да побегнат од градот, но снимката на социјалните мрежи од аеродромот во Дубаи, еден од најпрометните аеродроми во светот, покажа дека патниците спијат на подот додека чекаат летови.

Патиштата околу аеродромот се поплавени.

URL

Сведоците на аеродромот рекоа дека немало празни места во чекалната.

Снимките од Дубаи покажуваат поплавени скапи автомобили оставени на сред улица додека нивните сопственици се обидувале да се спасат.

URL

На едно од видеата се гледа како авион едвај се движи поради количеството вода на пистата. Од терасите летаат предмети како столици и маси.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Свет

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more

Голема промена во Германија - што е ново во здравственото осигурување?

Read more

Повторно еруптира вулканот Руанг, прогласено највисоко ниво на тревога

Read more
 

Вести

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Читај повеќе

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

Читај повеќе

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Читај повеќе

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Читај повеќе

Голема промена во Германија - што е ново во здравственото осигурување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Повторно еруптира вулканот Руанг, прогласено највисоко ниво на тревога

Читај повеќе

Хутите погодија четири бродови во Индискиот Океан и Црвеното Море

Читај повеќе
  • filter

Зошто прашина од Сахара ја завеа Европа?

Читај повеќе