Австралија не постои и други бизарни географски теории на заговор

Теорија на заговор што фрла сомнеж врз постоењето на цела една земја зема голем замав меѓу интернет корисниците.

Кога ќе се помириме со фактот дека има луѓе кои сметаат дека ако нешто прочитале или виделе на интернет, тогаш сигурно е точно, не треба да нѐ изненади теоријата на заговор дека Австралија не постои. Размислете убаво, знаците ни беа пред очи цело време: која е таа земја каде пајаците се поотровни од змиите и како воопшто сме поверувале дека постојат животни како кенгури?

Ова „откритие“ што зема замав на интернет во изминативе недели, оригинално е формулирано на Reddit во почетокот на 2017 година. Она што најмногу изненадува е фактот дека не е ни единствената географска теорија на заговор.

Една од најстарите теории датира од 1993 година, кога тогашните корисници на онлајн мрежата Usernet на шега го почнаа муабетот дека градот Билефелд во Вестфалија е измислен град во чие постоење нѐ убедиле ЦИА, Мосад, вонземјани или некоја комбинација од трите.

Високо на листата географски теории на заговор е Финска, земја што некои луѓе веруваат дека се наоѓа меѓу Русија и Шведска и дека наводно извојувала епска одбрана против советската инвазија пред Втората светска војна. Оваа теорија исто така се појави на Reddit, во 2015 година. Финска, објаснува редитерот со корисничко име Raregan, била само измислена креација создадена за да се направат квоти за рибарење за да се помогне извозот на суши кон Јапонија од Русија.

Лани летото, друг корисник на Reddit „укажа“ дека италијанскиот регион Молизе каде живеат околу 300.000 луѓе, не постои, најверојатно како интерна шега на Италијанците, а Бразилците веќе пет години имаат теорија дека северозападната покраина Акре не постои или во спротивно е земја заглавена во времето каде уште живеат диносауруси.

Да, ова се теории на заговор во кои веруваат повеќе од еден човек, оригиналниот заговорник.

Што ве тера да помислите: Колку слободно време имаат некои луѓе за да седнат и без апсолутно никаква академска поткованост да се сомневаат во физичкото постоење на географски поими? Што би рекле корисниците на Twitter – Вишок слободно време е опасна работа.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе