Австралијците дома ги прибираат преживеаните животни
Жителите ширум Австралија ги отвораат своите домови за изнемоштените животни кои преживеаја од катастрофаните пожари.
Десетици австралиски домови згрижија кенгури, коали и други дехидрирани, прегладнети и повредени животни. Големите пожари кои беснеат во Австралија не се само катастрофални за вегетацијата која е целосно уништена, туку и по животите на животните кои го населуваат континентот.