47-годишна жена од Австралија пријавила во полиција дека на 15.8.2017 година околу 20:30 часот во Градскиот трговски центар била ограбена од две непознати лица.
Сторителите ја искористиле нејзината невнимателност и ѝ одзеле торба во која имало паричник со 3.000 австралиски долари и 8.000 денари, лаптоп, мобилен телефон и други лични предмети.
На тој начин сторителите стекнале противправна имотна корист од речиси 272.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.