Автомобилско ремек-дело на продажба: Alfa Romeo од 25 милиони долари

На аукција што ќе се одржи во февруари, 2019 година во Париз ќе биде ставено на продажба и едно вистинско ремек-дело на италијанската автомобилска индустрија.

Во време кога на сцената уште не беа појавени великаните како Ferrari и Lamborghini, Alfa Romeo беше синоним за елегантни автомобили со високи перформанси кои будат страст за возење од која застанува здивот.

Еден од нив беше Alfa Romeo 8C 2900B Touring Berlinetta од 1939 година, направен во предвечерјето на Втората светска војна.

Овој модел, оригинално дизајниран со идеја да учествува во автомобилски трки, беше базиран на шасијата на Alfa Romea 8C 35 Grand Prix.

Проукциската верзија користеше осумцилиндарски 2.9-литарски мотор опремен со два компресори.

Верзијата 2900B, за која станува збор тука, претрпела одредени промени во однос на оригиналната 2900, за да биде автомобилот поудобен и побезбеден, со задржани завидни перформанси на пат и впечатлива надворешност.

Примерокот што ќе биде понуден на продажба во февруари е еден од само пет автомобили што биле произведени во оваа конфигурација, во соработка со италијанскиот производител на кросерии Touring.

Автомобилот бил купен и испорачан во 1939 година на сопственик во Англија. Во истата земја подоцна променил тројца сопственици, последен пат во 1976 година, а актуелниот сопственик решил да го даде на аукцијата во Париз.

Се проценува дека овој Alfa Romeo 8C 2900B Touring Berlinetta од 1939 година ќе достине цена од вртоглави 25 милиони долари.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе