Азар: Секое лето поради пивото ставав по 4-5 килограми

Макфакс/Кајгана
/ 19.02.2024 / 13:17

Еден Азар (33) во октомври минатата година ја заврши професионалната кариера, која траеше 16 години. Во кариерата одигра повеќе од 600 натпревари. Белгиецот во пензија замина како играч на Реал Мадрид. Меѓу навивачите на Реал Мадрид ќе остане запаметен како најголемиот неуспех во историјата на клубот.

Азар во 2015 година беше прогласен за најдобар фудбалер во Англија, а беше и најдобар играч на Лил, во сезоните 2010/2011 и 2011/2012. Кариерата ја заврши со 623 одиграни натпревари, 167 постигнати голови и 157 асистенции.

Реал Мадрид му плати 115 милиони евра во 2019 година на Челси, со што стана најскапиот играч во историјата на клубот. По првата сезона беше јасно дека Азар е лоша инвестиција. Во текот на четири години постигна само 7 и забележа 12 асистенции во само 76 натпревари. Со клубот освои 7 трофеи.

Азар беше гостин во подкастот на Џон Оби Микел, поранешен соиграч од Челзи и поранешен играч од средниот ред на Нигерија. Поранешната белгиска ѕвезда меѓу другото проговори и за приказните според кои неподготвен и со вишок килограми доаѓал на подготовките на Реал.

„Точно е. Секое лето ставав 4 или 5 килограми. Мислев дека можам да правам што сакам во слободното време, откако десет месеци годишно го држев своето тело на највисоко ниво додека луѓето ме удираа.

Не барајте од мене ништо за време на мојот одмор. Уживам да бидам со семејството и да одам на плажа, не барајте од мене да трчам тие три-четири недели. Можам да играм фудбал на плажа со децата, нема проблем, но не барајте од мене да трчам“, изјави Азар.

„Погледнете ја целата моја кариера, во првиот месец од сезоната размислував само дека тоа е почеток, загревање, а потоа од септември до октомври летав по теренот, бидејќи ми требаше време да го доведам телото и умот во најдобра состојба.

Но да, точно е, се враќав од одмор со 5 килограми вишок. Сакам да поминувам време со семејството и пријателите. Ако ми понудиш нешто да јадам, ќе прифатам. И да не ми се допаѓа, ќе го јадам. Јас сум Белгиец, ние сакаме пиво бидејќи мојата земја ги има најдобрите пива во светот. Не пиев секој ден, тоа не е точно, но едно или две по одигран добар натпревар, тоа да“, вели Азар.

Белгиецот смета дека короната целосно го изфрлила од колосек.

„Тогаш немав среќа. Бев во Далас на операција на глуждот, а потоа се вратив во Мадрид и почна ковидот. Два и пол месеца ковид, дома бев сам, без физиотерапевт со кој требаше да работам на рехабилитацијата. Сè правев сам. Кога би можел да сменам нешто од тоа време, би донел дома физиотерапевт. Тоа ми беше неопходно, бидејќи сакав повторно да играм на највисоко ниво… Вака, кога сѐ беше готово, кога се вратив на теренот… Го туркав телото до крај, но глуждот едноставно не беше ист. Искршив сѐ таа сезона. Остатокот од приказната го знаете“.

Тогаш Зинедин Зидан сè уште беше тренер на Реал, набрзо беше заменет од Карло Анчелоти. Азар во кариерата работеше и со Жозе Мурињо, Рафаел Бенитес, Маурицио Сари, Хус Хидинк… Но, секогаш ќе памети еден тренер…

„Најдобро играв под водство на Антонио Конте. Тренинзи цела недела. Ги сакав само саботите. Ќе излезев да уживам, морав. Знаев: од утре повторно тренинзи. Тоа беа моите 90 минути уживање. Морав да направам нешто. Остатокот од неделата трениравме и зборувавме за тактиката“, вели Азар и потоа на Оби Микел му откри кој бил најталентираниот фудбалер со кого тренирал и играл.

„Во Реал играв со најдобрите во светот. Лука Модриќ, Карим Бензема, тоа е врвот на листата. Кога ќе се каже Кевин де Брујне, тој исто така е на врвот на листата. Франк Лампард, Хуан Мата, сите тие се на самиот врв. Но, единствениот што ме натера да кажам уау е Гаел Какута. Ме прашавте кој е најголемиот талент, а Какута убедливо е број еден, убедливо. Неверојатен талент, уау“.

Какута денес има 32 години и игра за Амјан, но никогаш не направи голема кариера. Играше за многу клубови и најчесто беше позајмуван. За Челси одигра само 6 натпревари, иако таму беше 6 години во кои беше позајмуван на 6 различни клубови (Фулам, Болтон, Дижон, Витесе, Лацио и Рајо Ваљекано). Играше уште и за Севиља, Хебеи Чајна Форчјун, Депортиво Ла Коруња и Ланс. Беше младински репрезентативец  на Франција, каде е роден, но од 2017 игра за ДР Конго, земјата од каде што потекнува. За оваа репрезентација играше и на изминатиов Куп на африканските нации, каде ДР Конго го освои 4. место.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе