Баерн конечно ја прифати понудата: Левандовски оди во Барса

Сагата на Роберт Левандовски конечно заврши. Баерн доцна синоќа ја прифати најновата понуда од Барселона, со која полскиот напаѓач одамна ги договори условите откако Баварците ќе се согласат на трансферот, кој ќе биде официјализиран во текот на викендот.

Фабрицио Романо пренесува дека трансферот е вреден 45 милиони долари, плус 5 милиони бонуси, а 33-годишниот напаѓач ќе потпише тригодишен договор со опција за продолжување на четврта. Клубот и играчот ги договориле условите уште во февруари, кога Полјакот реши да го напушти Баерн бидејќи не добил задоволителна понуда за продолжување на договорот кој би истекувал во летото 2023 година.

Откако Барселона стапи во контакт со неговиот агент Захави, преговорите тргнаа брзо и Левандовски никогаш не се сомневаше каде сака да ја продолжи кариерата, само мораше да го скрши Баерн за да се согласи да го продаде една година пред истекот на договорот.

URL

Баерн сепак го доби тоа што го бараше

Баерн играше напорно и не се задоволи со помалку од 50 милиони евра, кои на крајот ги доби, а Левандовски стана четвртото засилување на Барселона по Рафиња кој беше платен од Лидс 58 милиони евра и Франк Кесие и Андреас Кристенсен на кои им истекуваа договорите со Милан, односно Челси.

Откако му се приклучи на Баерн во 2014 година, Левандовски постигна неверојатни 238 гола на 253 натпревари, вклучувајќи 41 првенствен гол во сезоната 2020/21, што е нов рекорд во Бундеслигата. Со Баерн освои осум титули на Германија и едно европско првенство.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе