Бајден му постави ултиматум на Нетанјаху

Макфакс
/ 05.04.2024 / 12:11

Американскиот претседател Џо Бајден му порача на Израел вчера дека САД ќе ја прекинат помошта доколку невини цивили продолжат да страдаат во Газа. За време на 30-минутниот телефонски разговор, Бајден му рече на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Израел мора да преземе итна акција за да ги заштити животите на цивилите и да дозволи храната да пристигнува во Газа или САД ќе ја намалат поддршката за воената кампања на Израел против Хамас.

Додаде дека нападите врз хуманитарните работници и тешките услови за живот на цивилите во Газа се неприфатливи. Да потсетиме, во понеделникот при израелскиот напад врз возилата на хуманитарната организација World Central Kitchen (WCK), загинаа 7  хуманитарни работници, меѓу кои има државјани на Австралија, Обединетото Кралство и Полска и еден двоен државјанин на САД и Канада.

Телефонскиот разговор на Бајден со Нетанјаху укажува на значителна промена во неговиот пристап кон Израел по нападите врз хуманитарните работници. Поточно, администрацијата на Бајден очекува Израел да отвори повеќе премини за помош за Газа, да дозволи повеќе камиони со храна да пристигнат и израелската војска да обезбеди премин за хуманитарните работници.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави за новинарите дека Бајден бара Израел да преземе конкретни чекори „во следните часови и денови“ за да ги олесни тешките услови за живот во Газа. „Ако не видиме промени од нивна страна, ќе има промени од наша страна“, рече Кирби, а пренесува The Times.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе