Бајон - Храмот на илјада лица во Камбоџа
Кога ќе се спомне Камбоџа секој веднаш помислува на величествениот храм Анкор Ват. Но, оваа земја на Индокинескиот Полуостров има и еден друг прекрасен храм, наречен Бајон (ប្រាសាទបាយ័ន), кого го викаат и Храм на илјада лица. Се работи за будистички кмерски храм изграден кон крајот на XII или почетокот на XIII век како државен храм на кралот Џајаварман VII. Се наоѓа во центарот на Анкор Том, последниот главен град на Кмерското Царство.