Банкнотата од 500 евра заминува во историјата?

Европската централна банка (ECB) треба да одлучи дали банкнотата од 500 евра, која често се поврзува со перењето пари, црниот пазар и финансирањето на терористите, ќе остане во оптек.

Како што пишува The Wall Street Journal, според очекувањата на аналитичарите управата на ECB ќе гласа за прекин на печатењето на банкнотата од 500 евра, заради распространетото мислење дека пред сè ја користат криминалците за префрлање на поголеми суми на пари во различни делови на светот, без знаење на властите.

„Таквите банкноти се омилен механизам на плаќање за оние што се занимаваат со незаконски активности, со оглед на релативната леснотија со која можат да се транспортираат и префрлат“, наведено е во неодамна објавената студија на Харвард.

Речиси 30 отсто од преку 1.000 милијарди евра готовина во оптек, минатата година биле во апоени од 500 евра, покажаа неодамна објавените податоци на ECB.

Банкнотата од 500 евра е една од највредните во светот, со вредност која во моментот е повеќе од пет пати поголема од најголемата американска банкнота во оптек од 100 долари. 

реклама
Прогласена најубавата плажа на светот

Прогласена најубавата плажа на светот

Read more
Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Read more
Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Read more
Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе