Барате информација? Овие се многу подобри пребарувачи од Google

Научниците од универзитетот Монаш во Мелбурн сметаат дека има подобри интернет пребарувачи од Google.

Имено, тие неодамна спроведоа истражување во кое дојдоа до заклучок дека Bing и Ecosia се многу подобри пребарувачи, односно дека даваат многу поголем број релевантни резултати од Google, пренесува Guardian.

Истражувачите користеа десет најбарани термини во Австралија во нивното истражување спроведено минатиот месец, а потоа споредија како Google реагира на тие пребарувања, а како Bing и Ecosia.

Така, тие открија дека Bing и Ecosia даваат повеќе професионално креирани вести. На пример, пребарувањето на поимот „Grace Tame“ користејќи го Google во првите 50 резултати даде околу 70% од страниците што се сметаат за професионални портали за вести. За истиот поим, Bing даде 94%, а Ecosia 82%.

Кога станува збор за поимот „lockdown “, Google даде 80%, Bing 90% и Ecosia 86% од релевантните резултати во првите 50.

Ова истражување дојде, би се рекло, во вистинско време. Австралиската влада во моментов подготвува закон со кој Google и Facebook ќе бидат принудени да им плаќаат на медиумските компании да ја дистрибуираат нивната содржина. И покрај ваквите резултати, Google сè уште држи 94% од пазарот во Австралија.

Портпарол на Google исто така ги коментираше овие резултати.

„Google не е собирач на вести. Секој ден, само во Австралија 1,25% од пребарувањата се поврзани со новости. Луѓето го користат нашиот пребарувач за пристап до разни информации, па затоа го дизајниравме така за да им ги дава на корисниците најсигурните страници“, рече тој.

Интересен факт е дека пребарувачот Ecosia (со седиште на компанијата во Берлин, Германија) донира над 80% од профитот на непрофитни организации што се занимаваат со садење дрвја, пошумување и обновување на шумите онаму кадешто се најпотребни. Тоа значи дека со секое пребарување преку Ecosia придонесувате за обновување на шумите ширум светот.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Интернет

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе