На социјалните мрежи се појавија фотографии од дресот во кој Барселона на 11 април ќе одигра натпревар против најголемиот ривал Реал Мадрид.
El Clásico Special Edition е името на дресот во кој за првпат се комбинирани традиционалните бои на Барселона и каталонското знаме.
„Играме какви што сме“, е пораката од Барселона, која сака да го потенцира чувството на припадност на клубот и вредностите што ги претставува клубот.
„Ова е спој на гордоста на Барселона и нејзините корени“, порачаа од каталонскиот гигант.
Амбасадор на кампањата за овој дрес ќе биде легендарниот капитен на Барселона, Карлес Пујол, а дресот ќе се најде во продажба до крајот на месецот.