Барселона испрати понуда за Брозовиќ

Marca, најчитаниот шпански спортски весник и Жерар Ромеро, новинар многу близок до Барселона, пишуваат дека лидерот во Ла Лига испратил понуда на Интер за Марцело Брозовиќ.

Поточно, се работи за предлог за замена на играч. Шпанците наведуваат дека преговорите се во тек бидејќи двете страни се заинтересирани за зделката.

Според нив, Барселона преку посредник го понудила четири години помладиот Франк Кесие за Брозовиќ (30) на Интер. Играчот од средниот ред на Брегот на Слоновата Коска дојде во Барселона ова лето без обештетување откако со одличните настапи го предводеше Милан до титулата во Италија. Кесие беше клучен играч на шампионскиот тим, но и сите пет години во Милан, за кој одигра 223 натпревари, постигна 37 и постави 16 гола.

Сепак, откако дојде во Барселона пред половина година, успеа да собере само шест натпревари во првиот тим. Кесие не може да се пробие во силната конкуренција што владее во редот за врска на Барса, но бидејќи е докажано дека е одличен играч и во своите најдобри години, Барселона се обидува да го искористи за да го доведе Брозовиќ, кој е нивна долгогодишна желба.

Споменатите извори наведуваат дека Брозовиќ е многу заинтригиран од преселба во Барселона. Епик Брозо е легенда на Интер, клубот во кој е од јануари 2015 година кога за 8 милиони евра се пресели од Динамо. Оттогаш за Интер одигра 302 натпревари на кои постигна 30 гола и асистираше на 37. Договорот со Интер го обврзува до летото 2026 година, а го продолжи пред десет месеци.

Сепак, Шпанците пишуваат дека по осум години минати во Интер, на хрватскиот играч за врска му е преку глава од средината во која го постигна максимумот со освојувањето на Скудетото и Купот и дека со задоволство би го направил последниот голем трансфер во кариерата. Додаваат дека Интер веќе некое време го следи Кесие и дека поради сето горенаведено сериозно размислува за замената која ја предлага Барселона.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе