Белата куќа: Испраќаме забранети бомби во Украина бидејќи им снемува гранати

МАКФАКС
/ 11.07.2023 / 15:18

Белата куќа се обиде да разјасни дека контроверзната одлука на американскиот претседател Џо Бајден да испрати касетни бомби во Украина е привремена мерка.

Советникот за национална безбедност, Џејк Саливан, им рече на новинарите дека ќе бидат потребни месеци додека Украина не го премости јазот во муницијата.

„Резервите гранати што ги испративме и ги охрабривме другите сојузници и партнери да ги испратат во Украина, тие резерви се при крај“, рече Саливан. Тој продолжи: „Не бевме подготвени да ја оставиме Украина без одбрана, точка. Затоа и покрај предизвиците и покрај ризиците од цивилна штета поврзана со касетните бомби, ризикот од цивилна штета со оставање на Украина без потребната муниција беше надвор од нашата поголема перспектива“, рече Саливан.

Бајден во петокот на Си-ен-ен изјави дека ја донел тешката одлука да испрати касетни бомби во Украина бидејќи „на Украинците им снемува муниција“ потребна за да спроведат контранапад против Русија.

Саливан додаде дека САД сметаат дека испораката на касетни бомби е привремена додека не се произведат повеќе гранати.

„Сметаме дека тоа е привремено бидејќи пред многу месеци почнавме интензивен процес на зголемување на производството на нашите гранати. Кога ќе се достигне нивото каде што производството на гранати може да ги задоволи потребите на Украина, тогаш нема да има потреба да испраќаме дополнителни касетни бомб “, рече тој одбивајќи да даде временска рамка.

Повторно прашан за временската рамка, тој рече: „Тоа се месеци, но прашање е колку“.

Зошто овие бомби се контроверзни?

Касетните бомби се контејнери што носат десетици до стотици помали бомби. Контејнерите се отвораат на одредена висина, во зависност од областа на целта, а бомбите се распрснуваат на тој простор.

Бидејќи бомбите се расфрлаат на широк простор, тие може да ги загрозат цивилите. Повеќе од 100 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија, ги забранија бомбите според Конвенцијата за касетна муниција, но САД и Украина не се потписници на забраната.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе