Белата куќа: Руската војска погрешно го информира Путин

Б.С.Б.
/ 31.03.2022 / 14:20

Рускиот претседател Владимир Путин погрешно е информиран за војната во Украина и влијанието на западните санкции, објави Белата куќа, а со ова тврдење се согласни и европски функционери. Наведуваат дека неговите советници се плашат да му ја кажат вистината.

Путин има проблем, опкружен е со луѓе кои само му велат „да“, тврди европски дипломат.

„Имаме информации дека руската војска погрешно го информира Путин, што резултира во напнатост меѓу претседателот и неговите воени лидери“, вели Кејт Бедингфилд, директорка за комуникација во Белата куќа.

Додаде дека неговите советници се плашат да му кажат колку лошо напредува руската војска и колку можат западните санкции да ја оштетат руската економија.

Висок европски дипломат изјави дека американската процена е во склад до европското размислување.

„Путин мисли дека работите одат подобро отколку што навистина се случува. Тоа е голем проблем кога сте опкружени со мажи кои велат само „да“ или седите со нив на крајот на многу долга маса“, изјави за Reuters висок дипломат од ЕУ.

На руските војници им е кажано дека учествуваат во воена вежба пред инвазијата на Украина, но морале да потпишат документ со кој се прошируваат нивните должности, изјавија двајца европски дипломати.

„Беа лошо заведени, лошо облечени, а потоа стигнаа во Украина каде беа дочекани од Украинки кои изгледаа како нивните баби и им викаа да си одат дома“, вели неименуваниот дипломат.

„Засега нема знаци дека ситуацијата би можела да поттикне бунт внатре во руската војска, но ситуацијата е непредвидлива и западните сили се надеваат дека овие несреќни луѓе ќе проговорат“, вели висок европски дипломат за Reuters.

реклама
Прогласена најубавата плажа на светот

Прогласена најубавата плажа на светот

Read more
Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Read more
Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Read more
Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе