Белешките на Коми за Трамп: Проститутки, Путин и лажни вести

Објавени се белешките на поранешниот шеф на ФБИ Џејмс Коми од неговите средби и раговори со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во белешките има детали и за скандалот со проститутки во претседателскиот апартман во хотел „Риц Карлтон“ во Москва во 2013 година.

„Му кажав дека Русите наводно имаат снимки на кои е тој со проститутки во претседателскиот апартман во ‘Риц Карлтон’ во Москва во 2013 година, Тој ме прекина, рече дека ниту имало ниту ќе има проститутки. Тогаш со насмевка изјави дека тој е човек кој не мора да оди таму. Тоа го сфатив како изјава дека не мора да плаќа за сексуални услуги. Рече и дека секогаш претпоставувал оти се озвучени хотелските соби во кои претстојувал“, наведува Коми.

Во друга прилика, според Коми, Трамп зборувал за за жените кои лажно го обвинувале за сексуално насилство. Тогаш Трамп спомнал и една стриптизета.

Во белешките на Коми е опишан и разговорот што се водел во Зелената соба во Белата куќа, кој бил прилично „хаотичен“.

- Темите константно се менуваа. Речиси да немаше ниту еден момент тишина за еден час и 20 минути. Се чувствував добро, но никогаш опуштено бидејќи морав сериозно да се фокусирам на разговорот. Зборуваше за инаугурацијата, медиумите, луксузот во Белата куќа, неговите активности, висината на неговиот најмлад син, како и дека никогаш не нападнал ниту една жена... Зборуваше и за иднината на мојата работа. Ми кажа дека 20 луѓе го сакале моето место, но оти луѓето во ФБИ ме сакаат и оти би био лошо да ме смени. Ми кажа и дека за мене би било лошо доколку направам нешто погрешно. Му реков дека може да ме разреши кога сака, но му објаснив дека може да смета оти секогаш ќе му ја кажам вистината. Ме праша дали истекуваат информации од ФБИ, реков да, но не како од другите институции. Повторуваше дека му е потребна и оти очекува лојалност. Не му одговорив, ниту го сменив изразот на лицето, пишува Коми.

Тој додава дека потоа Трамп почнал да разговара за можната афера со проститутките.

„Повторуваше дека тоа е фабрикувано и оти тоа се лажни вести. Рече дека би се загрижил само ако неговата сопруга помисли дека барем еден процент од тоа е точно. Изјави и дека разговарал со луѓе, кои го потсетиле дека тој не преноќил во Москва. Ми кажа да размислам за истрага за тоа, но му кажав дека многу тешко е да се демантира лага. Но, ми кажа да размислам за тоа. Повторно ја спомна лојалноста, истакнувајќи дека сака чесна лојалност“, наведува Коми.

Поранешниот директор на ФБИ наведува дека Трамп разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин, кој му кажал дека „тие имаат едни од најубавите проститутки во светот“.

Коми опишува и еден телефонски разговор со Трамп.

„Разговорот го почна со шега дека добивам повеќе публицитет од него. Рече дека се обидува да води држава, но дека има облак над работата со Русија. Почна да ми објаснува дека не е поврзан со Русите, ниту со нивните проститутки, посочува Коми во белешките.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе