Белорусија: 200.000 луѓе протестираа против Лукашенко

Б.С.Б.
/ 17.08.2020 / 11:08

Седми ден по ред повеќе десетици илјади демонстранти учествуваа во протестите против резултатите од претседателските избори во Белорусија. Синоќешните протести беа најмасовни.

На улиците  немаше видливо присуство на полицијата, а Reuters процени дека во денот кога Русија прифати да даде поддршка на Белорусија во случај на воена закана од странство, на протестите се собраа околу 200.000 луѓе.

И додека од една страна протестираа луѓето против Лукашенко, во центарот на Минск беше одржан контра-митинг за поддршка на белорускиот претседател.

Лукашенко одржа говор пред помал број луѓе, барајќи да се одбрани независноста на Белорусија. Тој истакна дека повторувањето на изборите би значело смрт за Белорусија како држава.

„Раководството на НАТО бара од нас да одржиме нови избори. Доколку им ја исполниме желбата тоа би било смрт за нашата држава“, изјави Лукашенко.

Поддршка демонстрантите добија од Полска и Чешка, каде се одржаа масовни собири на кои беше поставено белоруското знаме. Луѓето носеа знамиња, транспаренти со слогани како „Слободна Белорусија“ или портрети од Светлана Тихановскаја, ривалката на Лукашенко.

Францускиот претседател Емануел Макрон ијзави дека Европската Унија би требало да ги поддржи демонстрантите во Белорусија.

URL
реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе