Вооружените сили на Белорусија започнаа воени вежби со цел да се тестира борбената подготвеност.
Министерството за одбрана соопшти дека вежбите не претставуваат никаква закана кон европската заедница во целина, а, особено не кон соседните земји.
Како што се наведува, бројот на сили вклучени во вежбата, постепено ќе се зголемува. Големо внимание ќе биде посветено на системите за поддршка.
„Планирано е проверката на борбена спремност да вклучи движење на значителен број воени возила, што може да го забави движењето на сообраќајот на јавните патишта“, стои во соопштението на Министерството за одбрана на Белорусија.
Со оглед на руската инвазија на Украина, министерството соопшти дека вежбата не претставува закана за соседните земји ниту на европската заедница.
Белорусија е близок сојузник на Русија.