Бен Афлек искрено за алкохолизмот: Единствениот лек е страдањето

Во интервју за WSJ. Magazine, Бен Афлек искрено се наврати на својот пат кон надминување на алкохолизмот и лекциите што го доведоа до местото каде што е денес.

„Има многу работи за кои посакувам помладиот јас да ги разбереше тогаш. Некои работи за кои сум сосема свесен и се срамам искрено да ги споделам со целиот свет, бидејќи тоа се главно грешки“, рече Афлек.

„Работите кои посакувам да ги направев поинаку, а се вкоренети во тој инстинкт да погледнам во моето минато и да размислувам колку би сакал да можев да избегнам некој болен настан. Посакувам да не можев да предизвикам болка на некој друг. Посакувам подобро ја разберев природата на она што мене ми претставува тешкотија во животот.“

Научи од своите грешки

Тој додаде дека тешкотиите со алкохолизмот му помогнале да ги научи овие работи на автентичен, значаен начин за навистина да ги научи лекциите што сега навистина ги усвоил, а кои ги создале вредностите што тој сега ги има, иако повеќето од нив произлегле од неуспех.

„Единствениот вистински лек за алкохолизмот е страдањето. Само се надевате дека вашиот праг на страдање ќе биде надминат некаде пред да ви го уништи животот“, вели тој.

Неговиот личен став кон тешките животни лекции еволуираше во изминативе години.

„Порано ме нервираа луѓе кои велеа: ‘Ох, ги имам овие проблеми и благодарен сум за нив.’ Порано мислев: Тоа се глупости, Не сте благодарни на катастрофите што создаваат болка и тешкотии во вашиот живот. Кажете дека се чувствувате лошо поради тоа и дека сакате да бидете подобри!“, рече оскаровецот.

Благодарност за тешкотиите од минатото

„Дури во последните пет години, се чувствувам сѐ повеќе и повеќе благодарен за тешкотиите што ги имав. Тоа не е безначајно, бидејќи голем дел од таа болка е вкоренета во болката нанесена на другите луѓе. И тоа се покажа како најмногу болна работа во животот“.

Сега Афлек, кој повторно е заедно со поранешната свршеница Џенифер Лопез, е среќен што му е дадена „втора шанса“.

„Животот е тежок, постојано пропаѓаме и се надеваме дека ќе научиме од овие неуспеси“, објасни тој. „Единственото нешто што навистина треба да ги искористите можностите што ви ги дава овој раст е втора шанса. Дефинитивно се обидов да ја искористам. Не секогаш сум бил успешен, но во случаите кога сум бил, се покажало дека тоа се клучни аспекти од мојот живот“.

Неуспешен брак и каење

Афлек претходно беше во брак со Џенифер Гарнер, со која има три деца: Вајолет, Серафина и Семјуел Афлек. Тој и Гарнер се разведоа во 2018 година.

Актерот и претходно зборуваше за борбата против алкохолизмот. Во интервју за People минатата година, тој рече: „Кога животот ми стана стресен, што најмногу беше поврзано со разочарувањето и болката што разводот им ги предизвика на моите деца, тоа длабоко ме погоди“.

„Не сакав да ги гледам повредени. Се најдов себеси како пијам сѐ повеќе и повеќе ноќе сам дома. Тоа беше нешто што го правве за да избегнам да се соочам со болните чувства. Моите родители се разведоа кога бев млад. Знам колку боли“, рече Афлек.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе