Бенедикт Камбербач за токсичната машкост: Треба да молчиме и да слушаме

Времињата се менуваат и сите треба да фатиме чекор со промените.

Во ново интервју за Sky News по објавувањето на филмот „The Power of the Dog“, во која глуми богат сопственик на ранч во Монтана во 20-тите, Бенедикт Камбербач рече дека моментално не се признанава доволно колку мажите имаат предност во однос на жените во денешното општество.

„Нема доволно препознавање на злоупотреба, нема доволно препознавање на недостатоците“, рече тој.

„Еден ден, можеби не сега, но еден ден треба да го направиме можеби она што го прави филмот, а тоа е да ги испитаме причините за угнетувачкото однесување.“

Отфрлајќи го аргументот дека „не сите мажи се лоши“, актерот рече: „Често има некој вид на бунт на денешните мажи, некакво негирање, еден вид детски одбранбен став дека ‘не сите мажи се лоши’, но не, ние само треба да молчиме и да слушаме“.

Што е токсична машкост, од каде потекнува терминот и како може да се реши?

Поимот токсична машкост (мажественост) се однесува на голем број културни норми и штетни однесувања кои историски се поврзуваат со родовите стереотипи за „машкоста“.

Пример за такво однесување е потиснувањето на емоциите, кое произлегува од историјата на учење од рана возраст дека е „немажествено“ да се плаче, дека чувствителноста е „женска“ особина и дека покажувањето емоции е поврзано со „слабост“.

Овој стереотип со текот на времето беше комплициран од многу различни аспекти на општеството - од стрип писатели кои создаваат суперхерои кои се физички силни и не бараат емоционални врски (како Бетмен) до машки музичари кои користат традиционално „женски“ особини како навреди.

„Би рекол дека има многу облици на машкост“, вели Том Рос-Вилијамс, актер, активист и амбасадор на Great Men, проект за училишна работилница воден од родовата организација Good Lad Initiative.

„Еден од начините на кои понекогаш се манифестира машкоста е преку токсично однесување кое на крајот завршува со насилство и дека насилството се врши врз самите мажи или врз други луѓе. Мислам дека тој процес е микроагресија која ескалира до тој степен што се спроведува насилство врз светот“.

Во последниве години, се зголемува свеста за штетата предизвикана од овие перцепирани родови норми. Некои истакнати личности ги доведуваат во прашање стереотипите кај мажите, како што е Хари Стајлс, кој сѐ почесто носи традиционално женска облека, како здолништа и фустани.

Оваа година беше објавен и документарниот филм на принцот Хари „The Me You Can't See“, во кој тој отворено зборуваше за неговите борби за менталното здравје.

Проектот Great Men е иницијатива чија цел е да ги оспори перцепциите на јавноста за тоа што значи да се биде маж во 21 век и ја опишува токсичната машкост како форма на мажественост што е „дефинирана со насилство, секс, статус и агресија“.

Како може да се реши токсичната машкост?

„Со тоа што ќе им се помогне на младите мажи и момчиња да разберат дека не мора да се усогласат со архаичните агресивни стереотипи за машкоста, дека можеме да го намалиме асоцијалното однесување, борбата за ментално здравје, самоубиствата, родово базираниот криминал и семејното насилство“,вели Рос-Вилијамс.

„За да се урне токсичната машкост, луѓето треба да бидат подготвени да ги оспорат своите привилегии, што не е нешто што многумина сакаат да го прават затоа што на тој начин губат предност во светот“, вели Рос-Вилијамс.

реклама

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе