Бензема ја откри тајната на најхрабриот потег во кариерата

Карим Бензема игра блескаво оваа сезона и е главен кандидат за Златната топка, а францускиот напаѓач во интервју за УЕФА ја откри тајната на „паненката“ против Манчестер Сити.

Тоа е гол што би можело да ја одбележи оваа сезона во Лигата на шампионите, бидејќи „Кралевите“ беа „на тенок мраз“, а Бензема беше многу храбар при резултат 4:2 за „Граѓаните“ и приреди вистинско ремек дело.

„Се трудев долго време и го чекав вистинскиот момент, на ваков натпревар со голем притисок. На овој начин притисокот исчезна. Секако, имаше притисок, тоа е нормално. Ама тоа е позитивен притисок, еден вид оптоварување што дозволува вакви работи. Тоа е мое мислење, не знам за другите. Ја спуштив топката и знаев дека ќе го направам тоа. Не мислев ништо друго, мислев само на тоа“, изјави Бензема.

URL

На фотографиите за време на изведувањето пенали се гледа дека Бензема го гледа судијата до неговиот свиреж.

„Секогаш го правам тоа. Не само овојпат. Ако не го направам тоа, тогаш не можам да гледам или да слушам јасно. Толку сум фокусиран што веќе не можам да слушам ништо во тој момент. Само сум фокусиран на мојот шут, со надеж дека топката ќе влезе“, откри напаѓачот на Реал Мадрид.

Уште еден детаљ привлече внимание. Бензема со поглед ја следеше топката додека таа не влезе во мрежата. Французинот тврди дека не е страв и вознемиреност додека очекува дали топката ќе влезе во голот.

„Не, не беше страв. Го држев погледот на топката затоа што беше добар шут. Затоа ја гледав, не затоа што мислев дека ќе ја погоди гредата, туку затоа што беше убав шут. Само гледав и чекав пред да го прославам голот “, рече Бензема.

реклама

Фудбал

Велковски: Да покажеме храброст и да се надеваме на позитивен резултат

Read more

Тони Крос: Уживав, сакав да заминам на овој начин

Read more

Терзиќ: Не заслуживме ваков пораз, одигравме одлично

Read more

Статива

Read more
 

Спорт

  • filter

Дарио Ивановски победник на 8. издание на Охрид трчаТ

Читај повеќе
  • play_arrow

Велковски: Да покажеме храброст и да се надеваме на позитивен резултат

Читај повеќе

Тони Крос: Уживав, сакав да заминам на овој начин

Читај повеќе
  • play_arrow

Терзиќ: Не заслуживме ваков пораз, одигравме одлично

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ и Музети играа до 3 сабајле – Ноле победи во пет сета

Читај повеќе
  • play_arrow

Статива

Читај повеќе

Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано

Читај повеќе
  • play_arrow

Вечерва е финалето во ЛШ: Реал апсолутен фаворит, Борусија подготвена за сензација

Читај повеќе
  • play_arrow

Митровиќ го расплака Роналдо: Ал Хилал со двојна круна во Саудиска Арабија

Читај повеќе