Бензема нема да се смири додека не си го „обели образот“

Карим Бензема е во отворена војна со репрезентацијата на Франција.

Сагата околу „заминувањето“ на Карим Бензема од француската репрезентација продолжува. Веќе беше откриено дека тој не е повреден и дека е подготвен да ѝ помогне на Франција на Мундијалот, но селекторот Дидје Дешан го „пречкрта“ по бунтот на неговите најискусни играчи, па Бензема бурно реагираше и почна да го „пецка“ националниот тим.

Не сакаше ни да ја бодри во живо во финалето на Светското првенство, а уште помалку веќе да има врска со неа - се „пензионираше“ и ги изненади сите.

И очигледно тука не беше крајот... Сега се огласи агентот на Бензема, Карим Џазири и влезе во „клинч“ со Дешан, бидејќи францускиот селектор тврдеше дека се откажал од Бензема за време на Светското првенство исклучиво поради повредата на фудбалерот.

„Го објавив ова, но прво се консултирав со тројца специјалисти кои ја потврдија дијагнозата - Бензема можеше да биде спремен уште од осминафиналето за да биде барем на клупата. Зошто баравте од него толку брзо да си замине?“, напиша Џазири во објавата на видеоснимката со наодите Карим Бензема, кој беше „тргнат“ уште пред првиот натпревар во првенството.

Првата дијагноза што ја доби Бензема беше да мирува три недели, но тој се опорави по десет дена и беше подготвен да им се приклучи на соиграчите бидејќи не беше „избришан“ од списокот за Светското првенство, на што Дешан му рече „Не мора да доаѓаш“.

По сето тоа почна „тивката војна“ помеѓу Бензема и Дешан, селекторот на прес-конференцијата рече дека не сака да зборува за оние кои ги нема, додека за тоа време фудбалерот испраќаше чудни пораки на Instagram.

Ќе испадне дека Дешан ги слушал само другите играчи кои не сакаа да имаат врска со Бензема, официјално најдобриот светски фудбалер, но не и толку голем човек во однос на атмосферата во репрезентацијата.

URL
реклама

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more
skopski-maraton-2014-niz-fotografii_121829.jpg

Изменет сообраќаен режим поради утрешниот Скопски маратон

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе