Францускиот новинар Ромен Молина ја објави позадината на конфликтот на Карим Бензема во француската репрезентација, а како што тврди зад сè стојат голманот и капитените Иго Лорис и Антоан Гризман кои не сакале негово враќање.
Според информациите, Гризман на овој начин му забил нож во грб на Бензема и никогаш не го решил проблемот „очи в очи“ со него.
Дека Бензема не треба да се врати во националниот тим тврдеа уште од Мундијалот во Русија каде Франција стана светски шампион, а причината беше што неговото враќање ќе ја расипе атмосферата во тимот.
Заедно со Гризман слично мислење имаа и голманот Лорис и играчот за врска Погба, но споменатиот Молина го става Гризман во преден план.
Тој понатаму додава дека Гризман на таа тема разговарал со челниците на Француската фудбалска федерација, а сè кулминирало во Катар и дека таму се создале кланови поради кои Бензема не се вратил во тимот.
На крајот на сето тоа тој реши да се повлече од репрезентацијата и да стави точка на кариерата во репрезентацијата.
Бензема за Франција одигра 97 натпревари и постигна 37 гола. Секако, ќе остане запаметено дека тој не играше за „триколорите“ шест години, пред да се врати во 2021 година.
Во 2015 година Бензема беше исфрлен од француската репрезентација поради скандал во кој соиграчот Матје Валбуена го обвини дека го уценувал со порно снимки, а напаѓачот на Реал Мадрид секогаш ги негираше овие наводи.