Бесими: Стоковите резерви се стабилни

Стоковите резерви се стабилни, има доволно државни резерви и во моментов нема потреба од нивно ставање на располагање, вели министерот за финансии, Фатмир Бесими за „Тема на денот“ што се емитуваше вчеравечер на Сител телевизија.

Тој потенцира дека уште од првиот ден од нападот во Украина, одржана е итна седница на Владата на која се разгледани сите аспекти, а како една од точките за кои се дискутирало било и за стоковите резерви.

-Има доволно и на соодветно ниво на државни резерви, но и потребни количини на пазарот. Преку Министерството за земјоделство имаме информации колку резерви има од трговците и апсолутно нема простор за шпекулации, вели Бесими.

На прашањето дали во Буџетот се предвидени средства за исплата на ветеното зголемување на пензиите од илјада денари по месец, министерот вели дека во моментов Пензискиот фонд е ликвиден и планираните средства ќе се исплатат од таму, а понатаму зголемувањето на пензиите ќе биде покриено со ребаланс на Буџетот за 2022.

Притоа, нагласи министерот, зголемувањето на пензиите нема да подразбира зголемување на придонесите.

Јавниот долг согласно Стратегијата за управување со јавен долг до 2026 е планирано да се намали на 56,5 проценти од БДП. Буџетскиот дефицит до 2026 треба да се намали до 2,2 проценти од БДП. Значајно е што во Собрание е Законот за буџети со којшто се предвидуваат фискални правила за буџетски дефицит до 3 проценти и јавен долг до 60 проценти.

Министерот за финасии за денеска најави седница на Економскиот совет на која  заедно со надворешни експерти ќе се дискутира за сет мерки на кои веќе се работи, меѓу кои и мерки во делот на цената на електричната енергија.

-Ние имаме најниски цени во регионот, но тоа не значи дека не работиме на можни мерки. Веќе се работи на дизајнирање мерки за справување со кризата како резултат од порастот на цените на прехранбените производи и на енергенсите, особено зајакнати по руско-украинската војна. Утре на Економски совет на Владата, свикан од претседателот на владата, во проширен состав заедно со надворешни експерти кои ќе дадат свој придонес ќе се дискутира за предлози на можни решенија кои ќе следат, за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на стопанството, рече Бесими.

Според него, варијабилната акциза на горивата предвидена со последните измени на Законот за акцизи во моментов, дава ефект за ублажување на ценовниот шок. Дополнително, во делот на енергесите, со последните измени на Законот за царинска тарифа се намали царината на природниот гас на нула, а во Собрание е и Закон за измени на Законот за Данокот на додадена вредност со кој во делот на природен гас, ДДВ наместо да се наплаќа при увоз, би се наплаќал при промет во земјата, укажа Бесими. 

реклама

Македонија

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Read more

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе