Беснеат пожарите во Австралија, на Сиднеј повторно му се заканува опасност

Големите пожари во Австралија не се смируваат, а пожарникарите објавија дека голем пожар што е многу тешко да се локализира, е регистриран на 60 км северно од Сиднеј.

Пожарот зафатил 300.000 хектари земјиште што е оддалечено само еден час од најнаселениот град во Австралија.

Властите издадоа препорака до граѓаните да ја напуштат загрозената област.

Пожарникарите во Австралија: Пожарот близу Сиднеј не може да се изгасне

Огромниот пожар што беснее во близина на Сиднеј не може да се изгасне, соопштија пожарникарските служби од Австралија, кои се борат со пожари низ целата земја, пишува BBC.

Пожарот, што зафати околу 300.000 хектари, е само на околу еден час возење од најнаселениот град во Австралија. Неговиот чад предизвика здравствени проблеми кај жителите на Сиднеј.

BBC пишува дека Сиднеј би можел да биде обвиен со чад со недели, ако не и месеци.

На жителите кои не можат да го одбранат својот имот од пожарот, им е наложено веднаш да ги напуштат своите домови.

Во пожарите загинаа повеќе од шест лица од октомври и уништени се повеќе од 700 домови низ Австралија.

Пожари има низ државите Квинсленд, Викторија, Јужна Австралија, Западна Австралија и Тасманија. Во моментов има повеќе од 95 пожари, а на терен се околу 2,2 илјади пожарникари.

Заменик-шефот на пожарната служба на Нов Јужен Велс, каде е Сиднеј, рече дека „овие пожари не можат да бидат запрени и ќе продолжат да горат сè додека не се променат условите“.

Огнениот фронт е долг 60 километри, додаде Роб Роџерс.

Австралиските пожарникари добиваат помош од колеги од Канада и САД, а загриженоста се зголемува поради тоа што во вторник температурите околу Сиднеј би можеле да се искачат над 40 Целзиусови степени. 

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе