Без струја и вода утре неколку скопски општини

Без струја утре ќе бидат корисниците од општините Сопиште, Центар, Аеродром, Карпош, Чучер Сандево и Ѓорче Петров, а без вода дел од корисниците во општините Центар, Кисела Вода и Сарај.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН, заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија од 8:30 до 12 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на патот од село Сопиште кон село Горно Соње во Општина Сопиште.

Од 9 до 12 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од дел од булевар „ВМРО“ (спроти Пошта) во Општина Центар, од 9 до 15 часот, корисниците од улица „Илија Димовски - Гоче“ во Општина Аеродром, од 9 до 15 часот, корисниците од улиците: 1513, 1515 и крак 2 од улица „Саса“ во населба Пинтија во Општина Карпош, од 9 до 15 часот, корисниците од викендиците во село Побожје во Општина Чучер Сандево и од 9 до 15 часот, корисниците од дел од село Бардовци, (место викано Рупа) во Општина Ѓорче Петров).

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЈП „Водовод и канализација“, соопшти дека поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80 mm на улица „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ бр. 21, утре од 8:30 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе бидат корисниците од истата улица, како и дел од булевар „Илинден“ и дел од улица „Ленинова“ (потегот околу градски парк) во Општина Центар.

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 mm на улица „Димо Хаџидимов“ бр. 64, од 9 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица, како и дел од улиците „Божидар Аџија“ и „Михаил и Ефтихиј“ во Општина Кисела Вода.

Поради замена на затворачи во резервоарот за питка вода во село Копаница, од 7 часот до завршување со работните активности, без вода ќе останат корисниците од селата Копаница и Буковиќ во Општина Сарај.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе