Битолчанецот кој со спреј ја покри таблата „Иван Михајлов“: Името создаде омраза помеѓу Македонците и Бугарите

Maж од Битола на социјалната мрежа Facebook објави дека со црн спреј го покрил написот „Иван Михајлов“ на бугарскиот клуб во Битола кој беше избришан од Централниот регистар поради спорното име.

„Министре Спасовски. Конечно моравме ние во Битола да го избришеме името на фашистот бугарски кој направи омраза на нашиот народ македонски со бугарскиот народ. Се надевам нема понатаму да дозволите крвнички имиња“, напиша тој во објавата.

Бугарската БТВ објави снимки од безбедносните камери на објектот на кои се гледа како човекот со спреј го покрива натписот.

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ пред две недели беше избришан од Централниот регистар со одлука на Министерството за правда.

Клубот имаше рок да се преименува, во согласност со измените во Законот за здруженија и фондации.

Со законот се забранува основање на организации што во нивното име, програма, цели и дејности поттикнува и повикува на воена агресија, разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, ширење и поддршка, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.

Претходно, Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов. Од тука образложија дека името на бугарскиот клуб претставува провокација за националните чувства на македонскиот со оглед на тоа што се работи за личност блиска со фашистичка идеологија, кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество.

Бугарскиот клуб веќе најави дека правдата ќе ја бара во Меѓународниот суд за човекови права.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more
 

Вести

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе