Бивша девојка на Маск заработи 165.000 долари продавајќи негови фотографии

Жена, со која милијардерот Илон Мас се забавувал во текот на неговите студентски денови, заработи 165.000 долари од аукција на предмети и фотографии од периодот кога двојката била заедно, пренесе Independent.

Џенифер Гвин од Јужна Каролина на аукција продаде спомени, фотографии и подароци од Маск, кои ги добила во текот на универзитетските години. Се запознале во 1994 година.

„Прво што ме привлече е неговата срамежлива природа, беше мој тип“, вели Џенифер, опишувајќи го Маск како „сладок, љубезен, паметен и привлечен“.

Истакна дека од почетокот бил фокусиран на учењето и уште во тоа време зборувал за електрични автомобили.

Интересно е тоа што денес Маск важи за најбогат човек во светот, па јасно е зошто Џенифер заработи толку пари. Со Илон се забавувала додека биле на Универзитетот во Пенсилванија, каде Маск студирал физика и бизнис.

Маск ја прекинал романсата кога дипломирал и се преселил во Калифорнија. Парот раскинал непосредно пред тој да почне да го освојува светот.

Гвин продаде досега невидени фотографии од Маск, роденденски честитки и подароци кои ги добила додека била со него.

Фотографија на која Маск позира со главата наопаку на аукцијата е продадена за неверојатни 21.889 долари.

Џенифер вели дека нејзината колекција ја прикажува забавната страна на милијардерот.

„Мислам дека овие предмети се слика на тоа кој беше Илон пред да стане тоа што е сега“, вели таа.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе