Блинкен: САД и уште 12 држави подготвени да прифатат бегалци од Авганистан

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека досега, покрај САД, 12 други земји се согласиле да прифатат привремени бегалци од Авганистан. Меѓу нив се Северна Македонија, Албанија и Косово.

– Албанија, Канада, Колумбија, Костарика, Чиле, Косово, Северна Македонија, Мексико, Полска, Катар, Руанда и Уганда дадоа великодушни понуди во врска со напорите за преместување на загрозените Авганистанци, рече Блинкен доцна синоќа.

– Исклучително ја цениме поддршката што ја понудија и горди сме што работиме со нив на заедничка поддршка за авганистанскиот народ. Охрабрени сме што и другите земји размислуваат да понудат поддршка, рече Блинкен.

Транзитот на евакуираните Авганистанци и државјани на други земји кои го напуштија Авганистан веќе се случува или ќе се случи наскоро преку територијата на 14 земји. Тоа се Бахреин, Данска, Франција, Германија, Италија, Казахстан, Кувајт, Катар, Таџикистан, Турција, Украина, Обединетите Арапски Емирати, Обединетото Кралство и Узбекистан.

Блинкен рече дека од 14 август САД овозможиле околу 13.000 луѓе да го напуштат Кабул со американски авиони и ја продолжуваат спасувачката операција.

– Во последните неколку дена, САД ги искористија своите дипломатски канали за да организираат глобална кампања без преседан за евакуација на американски државјани, вработени од држави-партнери и загрозени Авганистанци од Кабул, рече Блинкен.

Тој изрази посебна благодарност до партнерите на Вашингтон „низ целиот свет кои учествуваа во оваа операција“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе