КАЈГАНА ИЗБОР

Блокбастери кои со нетрпение ги очекуваме во 2020

Маверик се враќа на филмското платно, а франшизата за Џејмс Бонд слави јубилејно издание.

Изминатата 2019 беше добра филмска година во која беа срушени неколку рекорди, а најпопуларен филм убедливо беше оној кој се очекуваше со најголемо нетрпение - неверојатниот „Joker“ ја освои и публиката и критиката.

Веќе знаеме што може да очекуваме во 2020, а меѓу најавите се истакнуваат неколку потенцијални блокбастери на кои се работи веќе подолго време и очекувањата за нив се исклучително високи.

На нашата ТОП 5 листа на филмови кои ги очекуваме со големо нетрпение во 2020 година се најдоа следниве наслови:

5. No Time to Die

Процесот на создавање на јубилејниот 25-ти филм во франшизата за Џејмс Бонд се одолговлече и помина низ многу тешкотии - режисерот Дени Бојл се откажа, Даниел Крег заврши во болница, имаше експлозија на сет... Сепак, филмот конечно ќе пристигне следната година со Рами Малек во улогата на главниот негативец, а според тоа што можевме да го видиме од трелерот, нѐ очекува жестока акција, за последен пат со Крег како тајниот агент 007.

Премиера: 3 април, 2020

4. Fast & Furious 9

Уште едно продолжение од франшиза нѐ очекува во 2020 година. Вин Дизел се враќа во улогата на уличниот тркач Дом Торето, со сопругата Лети Ортиз (Мишел Родригез) и сестрата Миа (Џордана Брустер). Сепак, најревносно очекуваме да ја видиме Шарлиз Терон во улогата на сајбер-терористката Сајфер.

Премиера: 21 мај, 2020

3. Tenet

Кристофер Нолан работеше без ограничувања на најновиот проект во кој повторно се впушта во најдлабоките сфери на умот, во стилот на Inception/Memento/Interstellar и судејќи по трејлерите, нѐ очекува опасно возење. Интригантната приказна е доволна сама по себе, но возбудливата актерска екипа (Џон Дејвид Вашингтон, Мајкл Кејн, Кенет Брана и Роберт Патинсон) е причина повеќе со нетрпение да го чекаме овој филм.

Премиера: 16 јули

2. Godzilla vs Kong

Сме гледале филмови за Годзила и филмови за Кинг Конг, но сега за првпат двата филмски џинови се спојуваат во еден блокбастер во продукција на Legendary Entertainment. Режисерот Адам Вингард ветува авантура во која „двете најмоќни сили на природата ќе се судрат во спектакуларна битка“. Иако очекувањата не ни се на високо ниво за квалитетот на приказната, сепак одвај чекаме да го гледаме овој филм, ако ништо друго заради специјалните ефекти.

Премиера: 11 март, 2020

1. Top Gun: Maverick

Ок, како деца кои израснаа со Top Gun моравме да го ставиме враќањето на Том Круз во улогата на Маверик на првото место. Поминаа 33 години од премиерата на култниот акционен филм „Top Gun“ што го прослави Круз во улогата младиот морнарички пилот, а холивудскиот актер сега се враќа во пилотската кабина во продолжението „Top Gun: Maverick“. Од трејлерот дознавме дека Маверик е „последниот од својот вид“, а во актерската екипа на Круз му се придружуваат Џенифер Конели, Џон Хем, Вал Килмер, Мелиса Телер, Глен Пауел и многу други. Да, овој филм одиме да го гледаме екипно!

Премиера: 26 јуни, 2020

реклама

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе