Boeing итно приземји 50 авиони, призна дека има дефект на крилата

Авиопроизводителот Boeing издаде соопштение во кое наведува дека ширум светот се приземјени повеќе од 50 авиони, откако бил откриен дефект со крилата.

Прво австралиската авиокомпанија Qantas приземји еден од нејзините авиони Boeing 737 NG откако откри дека има „пукнатина“ кај крилата.

Педесетте авиони се приземјени како мерка на претпазливост, откако беше откриено дека има дефект кој предизвикува пукање на делот каде што крилото се спојува со трупот на авионот.

Минатиот месец, регулаторите во САД наредија вонредни проверки на сите 737 NG авиони што имаат поминато повеќе од 30.000 летови.

Оваа вест следи по сведочењето на Денис Маленбург, директорот на компанијата, пред парламентарниот одбор на САД.

„Јас сум одговорен. Две несреќи се случија во време на мојот мандат. Чувствувам одговорност за тоа што се случи“, рече тој вчера.

Двете несреќи за кои се зборуваше на сведочењето се случија со авион Boeing 737 Max 8 во период од шест месеци.

Инцидентите сериозно ја оштетија репутацијата на компанијата.

При падот на aвионот во Индонезија минатиот октомври загинаа 189 луѓе, а на Ethiopean Airlines во март загинаа сите 157 патници и членови на екипажот.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе